Ѓоковиќ синоќа собори уште еден рекорд на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим го одиграа најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон. Нивниот дуел траеше неверојатни пет часа и 14 минути, со што урна рекорд стар речиси две децении.

Новак успеа да слави по пет сета во епско четвртфинале, кое ќе остане во книгите на најпознатиот тениски турнир во светот. Претходниот рекорд го држеа Рајнер Шитлер и Арно Клемон, чиј четвртфинален натпревар на Вимблдон во 2008 година траеше пет часа и 12 минути.

Ѓоковиќ и Оже-Алијасим ги поместија границите и испишаа нова страница во историјата на најпрестижниот тениски турнир во светот, играјќи натпревар што љубителите на тенисот ќе го паметат долго време.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press