Џенифер Лопез пристигна во Париз и веднаш беше забележана од папараците, а за тоа беше виновен нејзиниот незаборавен стајлинг.
View this post on Instagram
Откако ги засени сите на свадбата на Тејлор Свифт, латино дивата Џенифер Лопез се упати кон Париз, каде дополнително ја „запали“ атмосферата со провокативно модно издание.
View this post on Instagram
Славната Џеј Ло избра тесен црн фустан со горен дел како корсет за градот на светлината, но деколтето беше ѕвездата на ова појавување.
View this post on Instagram
Според коментарите на социјалните мрежи, никој не успеа да ја погледне познатата пејачка во очи, а сите чекаа да се случи мини-скандал и Џеј Ло да открие повеќе отколку што сакаше.
View this post on Instagram
Своето модно издание го комплетираше со елегантни сандали, додека само ја остави косата да паѓа и уживаше во сите погледи што ги привлече.
View this post on Instagram
„Ги видовте нејзините очи“, „Каква згодна девојка“, „Ова е можеби најпредизвикувачкото издание“, „Се надмина себеси“, „Секоја чест за храброста“, беа само дел од коментарите.
View this post on Instagram
