Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати“, потенцира Мицкоски.

Денес се одржа заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и европскиот комесар за проширување, Марта Кос во Медиа центарот на Владата.

– Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европска перспектива. За Реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на прошитување да остане доследен врз принципите врз кои е изградена Европската Унија, доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат. Изминатиов период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање на подобри услови за живот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Во обраќањето премиерот Мицкоски ја истакна важноста кон исполнување на целите.

-Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите, рече премиерот.

„Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press