Денес портокалова фаза: Температурите до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност денеска ја очекува Македонија. Активно е портокаловото ниво на опасност од високи температури, поради што се очекува особено топол ден.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени, додека максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во попладневните часови на места ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследен со пороен дожд и ретки грмежи.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен ветерот од северен правец, со брзина до околу 40 километри на час.

Во Скопје денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 39 степени.

Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни поради високите температури и, особено во најтоплиот дел од денот, да избегнуваат подолг престој и физички активности на отворено.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press