Гужви на границите Еве колку се чека за излез од Македонија

Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на патиштата низ земјава, а најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица.

Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на ГП Табановце за излез од државата се чека околу еден час. Слично е и на ГП Богородица, каде што времето на чекање за излез изнесува околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат со зголемено внимание.

Посебна внимателност се препорачува на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Како поризични се издвојуваат делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press