Штип, 27.08.2026
Маја Стојменова, 38 годишна штипјанка, има необично за женскиот свет занимање. Таа е возач на градски автобус и, како таква, предизвикува големо внимание меѓу нејзините сограѓани. Со Марија разговараме за нејзината возачка страст.
-Во брак сум 17 години и сум мајка на три сина од 16, 13 и 8 години. Имам завршено средно текстилно образование во Штип. Возачка дозвола имам од 18 годишна возраст, а за возач на автобус положив пред три години, ја раскажува Марија својата животна пприказна.
На идеја да стане возачка на автобус, односно тоа да и биде животна професија дошла уште како дете.
-Да, уште од мала многу сакав да возам, а отсекогаш им се восхитував на возачите на автобуси. За мене, возењето отсекогаш било предизвик и штом ми се укажа можност да полагам за возачка дозвола, веднаш ја искористив. Моето прво возачко искуство беше со комбе, но тука не застанав. Сакав да напредувам и да се предизвикувам себе си, па положив и за C и E категорија.
Маја на патниците од својот автобус гледа како на клиенти кои треба да бидат превезени безбедно и навремено, а внимава во текот на возењето тие да ги почитуваат правилата кои се истакнати во секое возило во поглед на однесувањето, превезувањето на одреден багаж и наплатата.
Вели дека како мајка на три деца, професијата возач на камион не е била најсоодветна за неа, па затоа решила да полога и за D категорија за да има право да вози и автобус.
-Видете, професијата возач на градски автобус ми овозможува да ги исполнувам и домашните обврски и обврските како мајка, а истовремено да работам професија што навистина ја сакам и што ме исполнува. Затоа верувам дека кога нешто вистински го сакаш, ништо не е тешко, коментира нашата соговорничка.
За носење една така важна животна одлука, обично се консултира и брачниот партнер. Но, како реагирал сопругот на нејзината идеја да биде возачка на автобус?
-Мојот сопруг ја знае мојата љубов кон возењето уште од првиот ден кога се запознавме и токму од него ја имам најголемата поддршка. И самиот тој е возач на камион и тешки машини и мислам дека токму затоа толку добро се разбираме – ја споделуваме истата љубов кон работата и меѓусебно се поддржуваме во целост, вели Маја.
На нејзините деца во почетокот им било малку чудно, а во исто време и интересно, бидејки во нашиот град нема жена возач на автобус.
-Таа состојба траеше кратко време зашто и моите деца многу бргу ја прифатија мојата професија како нешто сосема нормално, посочува соговорничката.
Маја има 38 години, мајка е на три деца, нејзиниот сопруг е возач на камиони и тешки машини, па дома имаат заедничка тема за разговор, вели пак да се роди пак истата професија ќе ја избере.
Кога првпат седнала зад воланот Марија воопшто не почувствувала трема. Имала некое чувство на возбуда и исполнетост, но била сигирна дека го направила вистинскиот избор.
Но, како на Марија гледааат граѓаните кои секој ден се со градските автобуси низ Штип? Што нив најмногу ги интересира од професијата во која баш секој ден не се гледаат жени како ја обавуваат?
-На почетокот имаше многу различни реакции но можам да кажам дека тие беа и сеуште се само позитивни. Често наидувам на изненадување и љубопитност кај патниците но и поддршка и восхит од нив. Исто така многупати забележував како пешаците зачудено гледаат во автобусот. Еднаш имав и една интересна случка кога две повозрасни жени застанаа пред автобусот и едната и покажуваше со прст кон мене на другата да види дека жена го вози автобусот и морав да им мавнам со раката да се потргнат од патот за да можам да возам.
Таа го управува својот автобус на релации во општините Штип и Карбинци и тоа во текот на целиот ден, и за викенд и за празник…
-Организацијата е поставена според оптимизација на работните задачи и трошоците, според кои секој возач има одредена група на линии за време на школската година, а кога е викенд, празник и надвор од школската година секој возач ги вози сите линии од практични причини и брзо реагирање во одредени ситуации кога треба да се замени возач и возило на некоја од линиите. Ова значи дека ги имам возено сите линии. Според обемот на линиите што го возам, можам да кажам дека до сега не сум осетила посебен умор кој би имал влијание на квалитетот на услугата или посебно на безбедноста на возењето. Имаме доволно временски периоди за одмор помеѓу одреден дел од линиите
Многумина од разни професии знаат да речат дека и пак да се родат истата професија ќе ја изберат, што би рекла Марија на вакво прашање?
-И јас би го рекла истото. Како што споменав и претходно го направив вистинскиот избор, ја работам професијата која ја сакам, која ме исполнува и повторно и повторно би ја избрала оваа професија, тврди Марија.
Таа на патниците од својот автобус гледа како на клиенти кои треба да бидат превезени безбедно и навремено, а во текот на возењето да ги почитуваат правилата кои се истакнати во секое возило во поглед на однесувањето, превезувањето на одреден багаж и наплатата.
ЈП Стипион има автобуси од разни марк како Исузу. Мецедес, Форд…За сите нив Марија вели дека се мошне лесни за управување, сигурни и удобни за секој возач.
