Се подготвува професионален театар за деца и млади
Квалитетна дебата по однос на новата идејата Штип и регионот да добијат Театар за деца и млади.
Голема поддршка од граѓаните, институциите, училиштата, организациите и родителите за отворање професионален театар за деца кој ќе ги опфаќа Штип и цела Источна Македонија. На оваа тема се одржа и дебата во која учествуваа проф.д-р Кирил Барбареев, Милорад Анѓелов, професионален актер, м-р Трајче Кацаров, драматург и писател, Стефан Ѓорчев, професионален актер, а водител на настанот беше проф.д-р Оливер Цацков. Во дебатата со свој став во однос на инцијативата се произнесе и градоначалникот Иван Јорданов.
Поддршка за иницијативата даде и од Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов, како и од целиот Источен плански регион,а идејата беше препознаена и од повеќе организации и поединци кои сметаат дека на децата и младите им е потребен простор за развој преку театарот, уметноста и културата. Посебна поддршка за иницијативата дојде и од „Гласен Текстилец“ и „Текстилијада“, кои ја препознаа нејзината важност и се вклучија во нејзината поддршка.
Театар за деца и млади за цела Источна Македонија
Во дебатата беше речено дека целта на иницијативата е создавање професионален театар наменет за деца и млади, кој нема да биде значаен само за Штип, туку ќе претставува културен центар достапен и за децата и младите од цела Источна Македонија. Според проценките на иницијаторите, станува збор за потреба што потенцијално засега околу 50.000 лица во регионот помлади од 18 години.
Пристапот до квалитетна театарска уметност уште од најрана возраст помага во развојот на комуникацијата, емпатијата, имагинацијата и културните навики, рекоа учесниците во дебатата.
Зад оваа бројка стојат илјадници деца и млади кои заслужуваат можност редовно да гледаат квалитетни професионални претстави, да се запознаваат со сценската уметност и да бидат активни учесници во културниот живот.
Постоењето на ваков театар би отворило можности за соработка со училиштата, градинките, младинските организации и локалните заедници од регионот. Преку организирани посети, гостувања и програми наменети за различни возрасни групи, театарот би ја доближиl културата до децата кои денес немаат доволно можности редовно да посетуваат професионални театарски претстави специјално наменети за нив.
Искуствата од соседните земји покажуваат дека професионалниот театар за деца и млади може да биде важен дел од културната инфраструктура. Србија, на пример, има развиени специјализирани детски и младински театри, во речиси секој поголем град.
Пристапот до квалитетна театарска уметност уште од најрана возраст помага во развојот на комуникацијата, емпатијата, имагинацијата и културните навики. Затоа, професионалниот театар за деца и млади не треба да се гледа само како уметничка институција, туку и како инвестиција во образованието, воспитувањето и иднината на заедницата. Културата не смее да биде привилегија на местото на живеење.
Иницијативата за професионален театар за деца и млади во Штип отвора прашање што ги надминува границите на еден град: како да создадеме општество во кое секое дете ќе има пристап до уметност, креативност и културни содржини.
Затоа што културата не смее да биде условена од местото на живеење. Таа е право и потреба на секое дете, без разлика каде расте.
