(Фото) Дикаприо се „запушти“ покрај убавица помлада од него 23 години: на интернет кружат нови фотографии

Леонардо Дикаприо и неговата девојка Виторија Черети – која е 23 години помлада од него – беа забележани на Хаваи, каде што изгледот на славниот актер им го привлече вниманието на фотографите. Се чини дека тој малку се „запуштил“…

Како и многу други познати личности, Леонардо Дикаприо и манекенката Виторија Черети престојуваа на Хаваи. Повод за патувањето беше свадбата на Џенифер Мајер, дизајнерка на накит и поранешна сопруга на актерот Тоби Мегваер. По церемонијата, ѕвездите решија да уживаат во убавините на оваа тропска дестинација и се упатија кон плажата.

Славниот пар – Леонардо Дикаприо и Виторија Черети – веднаш го привлече вниманието на фотографите, а нивните фотографии брзо се појавија во медиумите.

Манекенката повторно ја покажа својата беспрекорна фигура во минијатурно бикини, додека нејзиното момче откри – судејќи според неговата градба – дека навистина ужива во животот… Тој малку се „запуштил“, иако очигледно се чувствува сигурно покрај својата прекрасна девојка, која е 23 години помлада од него.

Во моментот кога беа направени фотографиите, тој носеше шорцеви за капење и гордо го покажуваше својот стомак; сликите со молскавична брзина се проширија низ социјалните мрежи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе