KРЕШИМИР МИШАК, ХРВАТСКИ НОВИНАР ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ТОА КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО ВО СВЕТОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Штип, 14.10.2026
Како ќе изгледа иднината на човештвото во светот на вештачката интелигенција? Дали животот е психоделично искуство во кое свеста активно учествува во обликувањето на нашата реалност? И дали необичните совпаѓања што ги доживуваме се само случајности или отвораат пошироки прашања за односот меѓу човекот, умот и светот?
Овој октомври, Крешимир Мишак доаѓа во Македонија со серија од три предавања во Велес, Скопје и Штип, посветени на некои од најинтригантните прашања на современиот човек. Преку темите на трансхуманизмот, свеста и синхроницитетот, публиката ќе има можност да навлезе во разговор за границите на научното знаење, природата на реалноста и иднината на цивилизацијата.
Крешимир Мишак е хрватски новинар, писател и автор познат по својот интерес за науката, филозофијата, технологијата и феномените на човечкото искуство. Неговата работа отвора теми што ги поврзуваат современите научни прашања со пошироките филозофски и општествени дилеми, поттикнувајќи ја публиката критички да размислува и да ги преиспитува вообичаените претпоставки за светот во кој живееме.
ШТИП – 18 ОКТОМВРИ | 18:00 ЧАСОТ ВО КИНОВЕРЗУМ
„СИНХРОНИЦИТЕТ: НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО?“ ЗНАЧЕЊЕТО НА НЕОБИЧНИТЕ СОВПАЃАЊА
Зошто одредени настани ги доживуваме како премногу значајни за да ги отфрлиме како обична случајност? Поимот синхроницитет, поврзан со психологот Карл Густав Јунг, отвора простор за размислување за односот меѓу психата, материјата и значењето што му го припишуваме на светот. Каде се границите меѓу психолошкото толкување, филозофското прашање и она што сè уште не го разбираме целосно?
Влезниците се достапни во претпродажба
https://tix.mk/event/444/sinhronicitetot-i-transhumanizmot-kreshimir-mishak-vo-shtip?lang=mk
Медиумски покровител: Нова Македонија
Со поддршка на: Центарот за доживотно учење при Меѓународниот славјански универзитет..
tix.mk
