(Фото/Видео) Роузи Хантингтон-Вајтли во интригантна креација: никој не ја очекуваше во разголено издание
Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли се појави во интригантна креација која многумина ги остави без зборови. Никој не очекуваше дека еден скулптурален фустан ќе биде на границата со вулгарноста.
View this post on Instagram
Викендов, во Музејот на уметност во Лос Анџелес (LACMA) се одржа гала-настанот „LACMA Art + Film“ – хуманитарен настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди од различни уметнички сфери.
View this post on Instagram
Вечерта беше одбележана со гламурозни модни изданија, иако некои од нив предизвикаа непријатни погледи кај присутните.
View this post on Instagram
Едно такво издание претстави манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли, која без двоумење откри повеќе отколку што би се сметало за соодветно. За оваа пригода, таа одбра скулптурален црн фустан од „Гучи“ со висока јака. Впечатливи детали од нејзиниот изглед беа и благо нагласените раменици, како и правата силуета.
View this post on Instagram
Монохроматскиот изглед ја истакна нејзината витка фигура, како и модерниот гламур што таа често го негува. Сепак, главниот фокус на оваа креација не беше „скромниот“ преден дел, туку грбот.
View this post on Instagram
Во еден момент, манекенката се сврте и откри целосно отворен грб – како и својот гол задник. Оваа необична, донекаде провокативна креација шокираше многумина, докажувајќи дека стилот на Роузи не е ограничен само на скромни дизајни или елегантни кроеви што едноставно ја следат линијата на нејзиното тело. Таа го заокружи изгледот со црни чевли со високи потпетици, високо врзано опавче и шминка во нежни тонови, која го стави акцентот на нејзиното лице.
