ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕН: СИ ГО НАПАДНАЛ БРАТОТ, СЕ ПОВРЕДИЛ НА РАБОТА, ПИВНАЛ МАЛКУ ПОВЕЌЕ ПА СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАНОТ…

Штип, 14.11.2026

Денешниот полициски билте на СВР Штип одново укажува на фактот дека најголеми во регионот се прекршоците со возење под алкохол, семејни тепачки, користење дрога…

Така што:

На 13.11.2026 во 12:30 часот во Полициска канцеларија Пехчево, од Итна медицинска помош Пехчево било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда за укажување лекарска помош бил донесен Т.К.(36) од село Двориште, беровско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за приватна фирма во село Црник, пехчевско. Известен е јавен обвинител. Увид бил извршен.

На 13.11.2026 во 17:15 часот во село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Ј.(49) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,84 промили на алкохол во организмот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

На 13.11.2026 во 20:15 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода И.Ј.(24) од Карбинци. При преглед на него и неговото патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, пронајдена е и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

На 13.11.2026 во 22:30 часот во село во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициска канцеларија Македонска Каменица го лишија од слобода Ф.А.(22) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и физички го нападнал неговиот 30-годишен брат. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе