Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

Десет деца се повредени откако паднале од подвижни скали во трговскиот центар „Галерија“ во Белград, од кои седум се здобиле со тешки повреди, пренесува Н1.

Според информациите потврдени од белградската Итна помош за Н1, три деца се здобиле со полесни повреди, додека седум се тешко повредени. Сите десет деца биле пренесени во Ургентниот центар.

Повредените се на возраст од осум и девет години. Меѓу нив има пет момчиња и пет девојчиња.

Повикот до Итната помош бил примен во 14:33 часот, по што на терен биле испратени пет екипи. Инцидентот се случил околу 14:35 часот, а околностите под кои децата паднале од подвижните скали сè уште се утврдуваат.

Информацијата за инцидентот првично ја објави Н1, повикувајќи се на неофицијални сознанија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе