Најнова изложба: „Часовникот“ на Анастас Ќушкоски во Вевчани

  • Имагинација, надреализам, нестварност од вистинити претстави…

Синоќа во Вевчани, во рамки на проектот „Нов културен бран“, беше отворена последната, 21-ва по ред, тематска изложба на уметнички фотографии од Анастас Ќушкоски, насловена „Часовникот“.

23435024_10212330930560849_6624622810064338668_n - Copy– Постојат фотографи кои само ја обработуваат работата или нормата,тие ретко можат да мечтаат, а оние вистинските се посветени и нивниот занает не е обврска туку мисија.На местата каде што други застануваат, тие отпочнуваат.Вечерва сме сведоци на една нова мечта на доживување на надреализмот – рече на отворањето, академскиот сликар Славко Упевче.

Авторот Ѓушкоски,својата постановка ја озаглавил како “Сликопис во 24 отчукувања”. Во конкретниов случај, како објект на фотообјективот е земена Саат кулата во Прилеп, неуморниот патник низ времето, симболот на препознатливоста на душата на градот, на неговата историја и стремежи.

Авторот Ќушкоски,својата постановка ја озаглавил како “Сликопис во 24 отчукувања”. Во конкретниов случај, како објект на фотообјективот е земена Саат кулата во Прилеп, неуморниот патник низ времето, симболот на препознатливоста на душата на градот, на неговата историја и стремежи.

– Со помош на Дагеровиот изум и техниката на изобличување, создадени се овие нестварни но вистински претстави на безвремената кула: Часовникот кога љуби, кога се смее и мурти, кога танцува и се преобразува во ликот на Момата, на прилепските мечкари,кога станува центар на светот, вселенски центар…душа на градот – ќе рече авторот, Ќушкоски.

23380166_10212330934960959_2155666819196562652_n 23472896_10212330933280917_1152196299679206103_n

 

 

 

 

 

 

 

Ќушкоски, познат драмски автор, поет, раскажувач, истражувач,публицист, сценарист, режисер и пасиониран фотограф, но, пред се,етнолог хроничар на Вевчани.

Досега приредил дваесетина изложби воМакедонија и странство.
Покрај што е пасиониран фотограф и литерарен деец, познат е и во научно – истражувачко творештво сврзано со печалбарството, светилиштата и лингвистиката во неговата постојана инспирација родното Вевчани.
Автор е на тв-сценаријата: „Писмо”, „Мрави и склавови“, „Штрковиот лет“,„Огнена“, „Пеколен рај“ и „Сенката на лилјакот“.

Роден е во 1942 година во Вевчани. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Друштвото за наука, уметност и култура од Битола и Струга, како и член на Центарот за карпеста уметност на Македонија. Денес живее и работи во Вевчани.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе