Да им се извиниме: Не биле лудаци-монструми биле!?

Дали мојата “роднокрајка” од славна Дебрца, Гордана – Гоца Јанкулоска, можеби, се самопoртретираше кога на една од своите истраги и го даде кодното име “Монструм”!?

Ако е така, тогаш на Гоца и на Ставрета Кумот (и тој да ти бил од моја Дебрца!?), во најмала рака, треба да им се извиниме: Ете, не биле лудаци-монструми биле!?

Aко е и половина точно од она што го кажува Ден Дончев, новиот шеф на Фондот за здравство, тогаш, можеби и не претерувам! Ами рушењето на Космос и изживувањето со човекот на кого “му тече низ ногавици”!? Тоа не беше монструозно!?

Да сковаш план со кој ќе си го труеш својот народ, за да ги полниш џебовите на неколкумина околу себе, па уште да му продаваш прикаски на народот (за да те гласа!), дека го труеш за “негово арно”, со фалш-евтини лекови, што е тоа ако не монструозност!?

Дупката за пополнување на овој фонд е длабока половина милијарда евра, а во едно такво море од банкотно зеленило,одлично пливале крупните риби. Сега станува јасно, зошто сме имале министер “сезнајко” – подеднакво способен да управува –министерува  и со образованието и со здравството, а истовремено и да  шефува со изборен штаб на една “правдољубива, човекољубива и црквољубива демохристијанска” партија – ВМРРО ДПМНЕ.

Сега е јасно зошто неговиот шеф Груевски поставувал послушни, доверливи кадри,особено во “морињата” каде се прелевале зелените банкноти.

Начинот на кој сето тоа го осмислиле, во најмала рака демантира дека Груевски дипломирал економија кај идната дипломатско-семејна двојка: Треневски-Попоска, бидејќи тоа не можат даго смислат ниту “Хардварци”, ниту “Сорбоновци”, па ниту Оксфордци!

Да се колниш во народот како “конзервативен демохристијанин!” (велат дека таквите биле од Бога дадени лажговци!), а да го труеш истиот тој народец со фалш-лекови во оригинални пакувања увезени преку свои кумовски фармацевтски куќи – директно од подземните фабрики (паралелен увоз кој претходно ќе го озакониш, бришејќи ја одредбата за авторизација на лековите – 2013!) е, богами,тоа е малку повеќе и од монструозно скован план. Уште и да му блебетиш на нардот како го лечиш (труеш!) со евтини лекови!?Како ја тегнеш позитивната листа, грижејќи се за сиромашниот народ, кој, од немајкаде, мора да те слуша, да се труе, те уште и да ти аплаудира и да те бира на избори!?Помунструозно-здравје!

Да му продаваш бајки на народот дека ќе изградиш клинички центар од соништата на кој ќе слетуваат хелихоптери, а да држиш неотпакувана милионски вредна техника, уште да плаќаш и лежарина! Дрско, срамно, монструозно!

Да ги држиш специјалистите, хирурзите, со плата од дваесетина илјади денари, а во исто време да ги натераш да потпишат меници за лојалност (по теркот на пратениците!)! Што е тоа, ако не монструозност, кога на кумот на заштедите на лекарите и на труењето на народот со фалш-лекови, му обезбедуваш милионски профити, а тој тебе – плац на водно “за џабарлак!”.

Да го расцепкаш набавувањето на лековите од еден, или двајца набавувачи на стоиеден, или двестеидва, само за да има повеќемина што ќе ти го полнат џебот на штета на државата и здравјето на граѓаните! Што е ако не болна монструозност!?

Што е тоа, ако не доказ дека сите држави,која помалку која повеќе,  си имаат мафија, ама само нашата мафија си имала своја држава!!!

Еве, само еден пример, колку се грижеле за народот.Ова и како поука на новата власт, што поитно да ги “донесе промените!”:За да добијам, набавам лек од позитивната листа, јас и остантите граѓани, треба да се разболуваме само во периодот од 1 – 15 во месецот.После тоа не смееме, затоа што лекот ќе не чини трипати повеќе!?

Груевски им наметна меници на младите лекари, тешки стотина и кусур илјади евра!Кој ќе избегне (избега надвор!) ќе избегне, a  кој коњ (нека извинат на изразот) го фатат – тој ќе врши на гумното!?

Арно, ама, таква облигација немаше за медицинските сестри. Сега велат, ги немало за лек!Ќе не лечеле со сестри и браќа – со поминат тримесечен курс!Има една поговорка која вели: За се треба школо, дури и за кочијаш, единствено не треба за крал и владател!Ним тоа им следува со самото раѓање!?

(Крај)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе