Виница, 11.12.2017
Креирањето подобро општество покрај критиката го сочинуваат и позитивните примери. Некои истражувања покажуваат дека кога муштеријата ќе излезе од ресторан и е презадоволен од услугата најчесто го препорачува на најблиските или ако некој случајно го праша. Но кога ќе биде разочаран од услугата тој за тоа раскажува на кого стигне. Многу повеќе популарно е кога некој ќе им згреши на клиентите да се јават да пријават во компанијата, отколку кога некој ќе го направи светот подобро место за живеење. Затоа јас решив да го споделам позитивното искуство со продавачот од „Тинекс“ кај Машински факултет во Скопје.
Со другарка ми решивме да се занимаваме со креативно и експериментално готвење, па влеговме во најблискиот „Тинекс“. Се беше вообичаено додека не се доближивме до фрижидерот за месни производи. „Добар ден“, „Повелете“, „Ооо супер, се гледа дека сте расположени за готвење“, „Добар избор сте направиле“, „Како добро би одело кари со ова јадење“, „Пријатно“, „Убав ден“. Во исто време се погледнавме фасцинирано и занемено со другарка ми. Човекот буквално не остави без зборови. Се однесуваше толку учтиво, не услужи, не насмеа, ни се заблагодари како и ние нему и си заминавме.
Кога излеговме од маркетот се чувствував буквално како да сум го освоиле светот. Она за кое постојано се борам, зборувам и го чувствувам,токму таа позитивна енергија, токму тоа позитивно гледање на нештата успеав да го видам во реалноста. Ќе си помислите дека тој е само еден обичен продавач, но јас не би се согласила. Тој е еден редок пример на човек што си ја сака работата. Не работи механички за да заработи. Беше среќен на работното место, нешто што е вистинска реткост денес. Денес можете да видите и директор на компанија што воопшто не го исполнува работата. Постојано велат „Работете го она што го сакате и никогаш нема да работите“.Таков продавач сретнав прв пат во животот, затоа „Тинекс“ треба да го цени, да го награди и мотивира. Ценете го тоа што тој го прави за вашиот бренд. Позитивните примери се вистинска реткост, затоа грижете се за нив и ценете ги. Сите треба да им се восхитуваме.
… Ќе си помислите дека тој е само еден обичен продавач, но јас не би се согласила. Тој е еден редок пример на човек што си ја сака работата. Не работи механички за да заработи. Беше среќен на работното место, нешто што е вистинска реткост денес. Денес можете да видите и директор на компанија што воопшто не го исполнува работата…
Тој влијаеше и на моето однесување. Влијаеше да продолжам да ширам позитивни мисли и да разубавувам нечии денови. Да продолжам да го менувам светот на подобро.
Од морални причини нема да го именувам името на маркетот во кој избегнувам да пазарам поради негативната енергија што ја шират продавачите. Но и нив треба компанијата да ги мотивира, а не да игнорира. Да плукаш по власта, по опозицијата, по државата, по образованието, по компаниите е многу лесно. Но да покажеш пример, да понудиш решение, да ги подобриш работите е нешто многу потешко. Без да тргнеш од себе си, без да преземеш нештата за подобро живеење сам од себе и без да најдеш смисла и визија за животот немаш право да осудуваш. Ако сакаш да го промениш светот, почни од себе си. Животот ви овозможува онолку колку што сте спремни да споделите.
Разубавете нечиј ден и верувајте, универзумот ќе го разубави вашиот.