Штип, 11.01.2018
Вилем Воутер Пламп, амбасадот на Кралството Холандија во Македонија, денес беше во посета на Штип. Негов домаќин беше градоначалникот Благој Бочварски. Холандскиот амбасадор покажа интерес за тековните активности во општината, за почетокот на изградба на новата детска градинка, за развојот на инфраструктурата во градот и селата, проектот за изградба на брана на Отиња и други работи кои го подорбуваат квалитетот на животот.
На средбата се разговараше и за можностите и перспективите кои Општина Штип има намера да им ги обезбеди на младите, како и за планираните проекти чија реализација треба да влијае на подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Амбасадорот на Кралството Холандија позитивно ги оцени напорите на новата локална власт да обезбеди рамноправност и инклузија за сите граѓани на општината, како и обезбедување позитивна економска клима за нови, но и за постоечките инвестиции, меѓу кои има и холандски фирми.