100 ДЕНА ОПШТИНА КАРБИНЦИ: Деблокирана сметка за нови проекти
Карбинци, 23.02.2018
Јордан Насев, градоначалник на Општина Карбинци, даде отчет пред жителите на оваа рурална општина за сработенотоп во првите 100 дена од превземањето на локалната власт.
„Поминаа сто дена од преземањето на локалната власт во Општина Карбинци. Уште на почетокот ги информирав граѓаните дека општината е блокирана од 2016-2017 година, Наследив со долг од 24.633.225,00 денари, со тоа што во текот на овие сто дена стигнуваа и нови извршни решенија кои претходната власт ја задолжила Општина Карбинци и со тоа долгот спрема истата е зголемен.
Со сиот овој долг и општинската администрација беше блокирана во извршување на своите работни задачи, односно немаа основни услови за работа, и сето тоа како резултат на безобзирното трошење на претходната власт на несуштински и некапитални трошоци, додека важните долгови не се подмирувале.
Со мој лични заложби, со помош на централната власт и помош од администрацијата на Општина Карбинци, успеавме да ја одблокираме општинската сметка, со тоа што во иднина ќе имаме можност непречено да реализираме проекти. Исто така од особено значење ни е подобрување на условите во општинските простории за услужување на секој граѓанин со кои што имам секојдневни средби во кабинетот и по месните населенија, од каде што заеднички со граѓаните ги решаваме проблемите, воедно и добиваме нови идеи за нови проекти кои не се дел од мојата предизборна програма, а ќе придонесат за добро на нашата општина.
Извештај за реализирани извршни решенија и извршени плакања од сметката на Општина Карбинци:
– Од 03 Ноември 2017 година -14 Февруари 2018 година, од редовната сметка на општината извршени се средства по извршни решенија во вкупен износ од 2.978.599,00 денари од кои:
2.009.057,00 денари – отплата на главен долг , 969.542,00 денари – исплата на трошоци и камати;
– Исплатен е дел од заостанат долг од редовната сметка во износ од 844.334,00 денари
- Една недела по стапувањето на функцијата градоначалник, како прв проект со помош од централната власт на чело со премиерот г-дин Зоран Заев, а во соработка со Општина Карбинци, се постави нов асфалт во должина од 2.000 метри, од село Таринци до општински центар Карбинци, врз веќе постоечкиот кој што беше многу оштетен.
- ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ, во чии рамки се реализираат подпроектите:
– РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО СЕЛО ТАРИНЦИ,
– РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КУЛТУРЕН ДОМ ВО СЕЛО ТАРИНЦИ,
– ОТВОРЕН ПАЗАР СО ПРИРУЖНИ СОДРЖИНИ ВО СЕЛО КАРБИНЦИ
Проектот по стапување на должноста Градоначалник го наследив во завршна фаза, со тоа што од сметката на проектот кон изведувачот се исплатени средства во вкупен износ од 8.909.245,00 денари.
Извршен е Технички преглед на објектите и е даден рок до крајот на април 2018 година за отклонување на констатираните недостатоци во изградбата.
Средствата за реализација на проектот во вкупен износ од 16.716.958,00 МК денари 260.000,00 евра се обезбедени од: Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија во износ од 15.990.000,00 МК денари и Буџетот на Општина Карбинци во износ од 857.810,00 МК денари.
- ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОПШТИНИТЕ КАРБИНИЦИ И СТРУМЈАНИ ПРЕКУ СПРЕЧУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД ПОПЛАВИ, во чии рамки се реализира проектот: КОРЕКЦИЈА И СТАБИЛИЗАЦИЈА НА РЕЧНОТО КОРИТО НА КОЗЈАЧКА РЕКА ВО СЕЛО КАРБИНЦИ (Кејовско уредување – 450 метри).
Во овој период се продолжи со изведба на работите, при што се извршени повеќе од 50% од работите (десен брег од камен од коритото на Козјачка река во должина од 320 метри и заштитен Армирано бетонски ѕид на левиот брег во должина од 250 метри). На изведувачот исплатени се вкупно: 290.000,00 МК денари.
Средствата за реализација на проектот во вкупен износ 210.337,68 евра се обезбедени од: Европската Унија преку Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија (ЦЦИ Број 2014TC16I5CB006-2015-1) во износ од: 178.252,27 евра и од Министерство за финасии (ДДВ 18%) во износ од: 32.085,41 Евро.
- ПРОЕКТОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕЧЕН СЛИВ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА, во чии рамки се релизира проектот ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ ОД СЕЛО КАРБИНЦИ.
Во овој периот, проектот е завршен (пуштен во употреба), а на изведувачот е исплатен целиот износ на работите.
Средствата за реализација на проектот во вкупен износ од 4.546.151,00 МК денари обезбедени се од: Владата на Швајцарската конфедерација преку Државениот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO) преку Проектот за управување со речен слив на река Брегалница 38.598.433,00 МК денари и од Министарството за финасии (ДДВ 18%) во износ од 6.947.718,00 МК денари.
- ИЗРАБОТКА НА ИНВЕСТИЦИНО-ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИСТАПНИ ПАТИШТА ЗА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ОД ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА, во чии рамки е изработена техничка документација (до одобрение за градење) за 6 (шест) патни правци во вкупна должина од околу 14,5 км:
– Врска со регионалниот пат Р2334 – село Црвулево – село Руљак – село Припечани, во должина од 10,0 км;
– Врска со регионалниот пат Р2431 – село Калаузлија, во должина од 0,6 км;
– Врска со регионалниот пат Р2431 – село Кепекчелија, во должина од 0,7 км;
– Врска со регионалниот пат Р2431 – село Јунузлија, во должина од 0,6 км;
– Врска со регионалниот пат Р2431 – село Ебеплија, во должина од 1,8 км;
– Врска со регионалниот пат Р2431 – Викенд населба Вртешка, во должина од 0,8 км.
Во овој период започнатите работи во целост се завршени и на изведувачот исплатен е износ од 494.334,00 МК денари.
Средствата за реализација на проектот во вкупен износ од 706.230,00 МК денари, се обезбедени од: Бирото за регионален рзвој-Скопје орган во состав на Министерството за локална самоуправа во износ од 494.334,00 МК денари и од Буџетот на Општина Карбинци во износ од 211.896,00 МК денари.
- ТЕХНИЧКА ДОКМЕНТАЦИЈА ЗА ХС ЗЛЕТОВИЦА, во чии рамки се изработува ново техничко решение, односно нова Инвестиционо – техничка документација за изградба на Пречистителна (филтерна) станица за водата од ХС Злетовица со реални влезн параметри за матност на водата (III и IV категорија).
- ЧИСТЕЊЕ НА БЕТОНСКИ КАНАЛ ВО СЕЛО АРГУЛИЦА
Во овој период, извршено е чистење на канал во должина од 1.500 метри кој што се протега покрај улиците во село Аргулица. Истиот порано се користеше за наводнување на земјоделските површини, но поради прекин на десниот магистрален канал од ХС Брегалница не е во функција и претставуваше вистинска депонија. - ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА, во чии рамки се реализирани два подпроекти:
САНИРАЊЕ НА ПРИСТАПЕН ПАТ ЗА СЕЛО ЈУНУЗЛИЈА (во должина од 400 метри): Планирање/рамнење и тампонирање;
ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА во должин од 20 км (локални патишта : село Радање – село Оџалија; село Прналија – село Кучица; село Калаузлија). - ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУАЊЕ
Во овој период ивршена е замена на повеќе од 30% од постојните сијалични места во сите населени места на Општина Карбинци. - УРБАНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ
Во рамките на овој проект се интизивирани активностите за изработката на Урбанистички план за село Карбинци и Урбанистички план за село Таринци, чија што постапка е започната во 2016 година.
Во овој период се доработени урбанистичките планови на ниво на Предлози и е спроведена Јавна анкета и јавна презентација.
Средствата за реализиција на проектот се обезбедени од Центарот за развој на источен плански регион од Програмата за рурален развој за 2015 година од Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје.
- СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ И БИЗНИС СЕКТОР
БУЏЕТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: при подготовка на Буџетот на општина Карбинци за 2018 година, организирани се средби со граѓаните во 16 населени места од Општина Карбинци.
ДОДЕЛА НА СЛОБОДНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ: Организирани се 4 средби со заинтересирани жители земјоделски производители од подрачјето на Општина Карбинци и соседното населено место Стар Караорман со цел иницирање на постапка за спроведување на оглас за додела на слободното земјоделско земјиште што го користеше поранешното друштво ПОЛЕДЕЛСТВО –Таринци во површина од 390 Хектари.
ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА: Организирани се средби со формални и неформални организации на стопанственици од земјата и странство, како резултат на што во подготовка е документација за објава на Оглас за за отуѓување на градежно земјиште во Индустриската зона покрај локалниот пат село Таринци – село Долни Балван.
На повидок е решавање на еден од трите капитални проекти ” ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА СО СИСТЕМ ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ВОДАТА ДО ПОСТОЈАНИТЕ РЕЗЕРВОАРИ „
Со реализација на проектот, ќе се елиминира недостатокот со квалитетна вода (по количина и квалитет) за водоснабдување на населените места од целното подрачје, а со тоа ќе се подобри и здравствената состојба на населението.
Општината Карбинци, со новата локална власт се движи во вистински правец за остварување на многу проекти, со тоа што ќе направиме подобри услови за живот со кои пред се ќе бидат задоволни жителите на нашата општина.