Охрид во велигденски декор

Продолжениот велигденски викенд на Охрид му донесе многу гости, заедно со најавата на метереолозите за подобрување на времето со дневни пријатни температури.

04Во градот се чувствува раздвиженост, а полни се и летните бавчи.

Летните надезерски тераси на метално-дрвени платформи сеуште не се обновени насекаде,по невремето, во два наврати со циклони, силен ветер и големи бранови.

03Во пресрет на велигденските празнувања, охригани организираа неколку привлечни манифестации, како “Велигденски базар” на учениците од ЦОУ “Григор Прличев”, Хуманитарниот велигденски фестивал “Охридски игри” на Општинската организација на Црвениот крст и други.

02За велигденските празници најбројни се гостите од Скопје и други македонски градови, а од соседството од Грција, Албанија и Бугарија.

Локалната самоуправа, дополнително, во велигденски декор,  ги украси атрактивните цветни алеи околу градскиот плоштад “Свети Климент Охридски”.

01Локалната самоуправа, преку ЈП “Билјанини извори”, по повод големиот христијански празник Велигден , во  недела, на 8 април, чести бесплатно користењето на услугите на јавниот градски простор.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе