Штип, 15.07.2018
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, во свое име и во име на Општина Штип, изрази посебно задоволство за вчерашната голема граѓанска прослава која се одржа на плоштад „Слобода“ по повод поканата за влез на Македонија во НАТО и добиениот датум за преговори со ЕУ.
„Синоќа голем број граѓани на Штип имаа можност заедно да го прослават историскиот успех на нашата земја. Вредноста на историскиот момент е препознаена ширум земјава. Општина Штип даде поддршка и помош за вчерашната прослава да помине во најдобар ред, а музичарите со нивниот професионален однос и ангажман ги забавуваа граѓаните до доцна во ноќта.
Граѓаните прославија за досегашните успеси, но и за продолжувањето на успешната приказна која обезбедува слобода, безбедност и економски раст.
Застануваме рамо до рамо со најсилните земји во Европа и светот, цврсто во одбрана на правото на сопствен став“, рече Бочварски.
Според него, доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, овде, во нашата земја.