Штип во чест на генералот и академик Михајло Апостолски

Штип,07.08.2018

38692546_1979169585474876_5008349874828083200_nШтип денес го чествуваше револуционерното и општествено дело на генералот и академик Михајло Апостолски . Во алејата на народните херои беше одбележана годишнината од неговата смрт.

На чинот присуствуваа делегации од општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски, на Универзитетот “Гоце Делчев„ прдводена од проректорот Кирил Барбареев, на АРМ и СВР, на општина Карбинци предводена од градоначалникот Јоран Насев, поголем број јавни и општествени работници од општините Штип и Крбинци.

За ликот и делото на Апостолски зборуваше Петар Мицевски од Сојузот на борците во Штип.

Михајло Апостолски е роден на 8 ноември 1906 година во штипско Ново Село. Завршил воена академија, а во НОБ се приклучува на почетокот од борбата ротив фашизмот, односно во 1941 година. Кусо време потоа е избран за член на Покраинскиот штаб на НОД, а во 1942 година е поставен за командант на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

На 2-то заседание на АВНОЈ е избран за член на Претседателството, а на таква функција е избран и на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето на Југославија вршел разни високи општествени функции, меѓу другото бил академик и претседател на МАНУ. Починал во Дојран на 7 август 1987 година.

Бил извонреден воен тактичар, а Воената академија во Скопје го носи неговото име.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе