KOЧАНИ со нов проект „Планински велосипедски рај“

Кочани, 08.08.2018

Со цел да го прошири туристичкиот потенцијал преку создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам, Општина Кочани аплицираше по вториот повик за предлози за инвестиции за подгрантови во инфраструктурата поврзана со туризмот до Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од грант од Европската Унија.

„Нашата цел е со проектот „Планински велосипедски рај“ да развиеме едно уникатно планинско авантуристичко искуство. Тоа ќе се овозможи со изградба и обновување на велосипедски планински патеки и обновување на планинарскиот дом и развој на други услуги за поддршка на овој вид на туризам“, соопштија од Секторот за планирање и развој во Општина Кочани.

DSC_0013 (Copy)Проектот опфаќа изградба на патеки за планински велосипедизам на Осоговските Планини во вкупна должина од 35 км, на релацијата Пониква – Брана Гратче – Кочани, обновување и опремување на планинарскиот дом и прошурување на паркингот на Пониква. Планирана е и изработка на интерактивна апликација за мобилен телефон за велосипедизам и планински велосипедизам која ќе вклучува презентација на геореферентни податоци (патеки за велосипедизам и планински велосипедизам, за планинско пешачење, природни и културни локации, туристички агенции и сл.) на јавно достапните мобилни карти.

Вкупната вредност на проектот е 33.414.221 денар.

Според повеќе велосипедски, планинарски и рекреативни здруженија, Осоговските планини поседуваат одлични услови за авантуристички туризам и се чест избор за организирање на велофестивали и слични други настани.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе