„Макфест“ го отвора дебитантката Сара Гигова

Штип, 25.09.2018

Денеска во Скопје се одржа ждребувањето за редоследот на песни во двете полуфинални вечери од овогодинешното издание на „Макфест“. Познатиот фестивал на забавни мелодии се враќа во својот добро познат термин на одржување во октомври, а после денешното ждребување и одредување на редоследот на песни, следуваше прес конференција, на која свое обраќање имаше домаќинот на настанот – градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Градоначалникот Бочварски пред присутните го најави враќањето на стариот сјај на најголемиот по своето значење фестивал на забавни мелодии, резиденцијата на македонските поп ноти, „Макфест“.

Триесетитретото издание на „Макфест“ ќе го отвори дебитантката Сара Гигова со песната „Љубовна бура“. На фестивалот во две полуфинални вечери ќе настапат 32 изведувачи, односно по 16 секоја вечер. Финалната вечер ќе биде заокружена и со шоу програма на Дарио, со која присутните во сала ќе имаат можност да се потсетат и да уживаат во неговите најголеми хитови.

„Макфест“ ќе се одржи на 4, 5 и 6 октомври во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе