Сакам Македонија да ја гледам во европското семејство

Александар Ванев: Сакам Македонија да ја гледам во европското семејство Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, тие се нашата перспектива, тие се нашата иднина. Како млад граѓанин, јас сакам мојата државата да ја гледам во европското семејство каде што и припаѓа. Сакам Македонија да има европска иднина, сакам мојата држава да напредува, мојата држава тоа и го заслужува. Ова историска шанса е шанса која мораме да ја искористиме, иднината ни припаѓа на сите нас. 30 септември е клучен ден за Македонија, 30 септември е ден кога треба да ја потврдиме иднината на Македонија, затоа светските и европските лидери ни подадоа рака, се отворија вратите за влез во НАТО и ЕУ. Имаме историска шанса да станеме рамноправен дел од најсилните светски сојузи и да ги живееме сите придобивки како и останатите членки на ЕУ и НАТО. Ова е историска шанса за нашата генерација да обезбедиме иднина за нас и нашите поколенија. 30 септември е ден за одлука, одлука со која ќе направиме да имаме европска иднина, од нас зависи! Затоа сакам да ги повикам сите млади, да на 30 септември излезат и гласат ЗА европска иднина, ЗА европска Македонија. Исто така, ќе ги повикам и оние млади кои што се уште немаат право на глас, да разговараат со нивните родители нивните баба и дедовци, да им кажат дека овој 30 септември е ден кога на нив ќе им се обезбеди иднина, европска иднина, во европска Македонија. Македонско-грчкиот договор е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ. Стануваме член на семејствата на НАТО и ЕУ нациите кои уживаат силен економски развој. Договорот го гарантира правото да се определуваме како МАКЕДОНЦИ и нема повеќе оспорувања. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван. Договорот ја зголемува културната соработка помеѓу Македонија и Грција во делот на уметностите, танцот, киното, музиката, театрите и спортот. Го олеснува патувањето преку модернизирање и изградба на нови гранички премини. Ја зголемува соработката помеѓу двете држави во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, како и тероризмот и економскиот криминал. На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност и како горди Македонци да влеземе низ портите на НАТО и ЕУ. Да ја искористеме оваа историска шанса и да бидеме горди што сме биле дел од генерацијата која ја градела европска Македонија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе