Штип, 26.09.2018
Нема ден, нема ноќ, а некој да не и се настрви на новата фонтана пред Пензионерскиот дом. Само што ова лето беше пуштена во работа, дали пијани, дали дрогирани, дали само некултурни нашинци ја наполнија со секаков смет. Убавите бистри води, прскалките кои создаваа преубав амбиент, беа засенети од многу хартија, иверки, партали, пивски шишиња, земја…А фонтаната е направена за разладување на народот во летниот период, а уморните шетачи да седнат и одморат на клупите покрај неа.
„Ние не сме народ“, рече еден од работниците на ЈП „Исар“ кој со колегата го чистеше дното на фонтаната. Човекот беше видно револтиран не од тоа што мора да ја чисти фонтаната тукуа поради глетката на која тоа утро наиде.
Треба ли да се постават камери за да ја сочуваме фонтаната од самите себе?
Неполна недела потоа некои вандали го скршиле нивомерачот на водата (пловакот) по што фонтаната се преполни и се излеа. Мајсторите кои дојдоа да видат во што е проблмот само кротко констастираа дека ваков вандализам е недостоен за народ кој себеси се гледа во Европа.
Донесуваме две фотографии од фонтаната. Едната со пивски шишиња, откорнати плочки, хартија, другата со мајсторите кои го поправаа искршениот пловакот за фонданата да може пак да работи .
„Ние не сме народ, и затоа на пензионерскиот дом или на блиските згради треба да се стават камери. Па да ги фатиме на дело они кои ја уништуваат убавата слика за нас“, рече госпоѓа од соседните продавници.