Штип, 06.11.2018
Синоќа, во преполнетата голема сала на Општина Штип, градоначалникот Благој Бочварски даде отчет за првата година од новата локална власт на чие чело како прва и најодговорна личност на општината е тој.
„Помина една година откако ми ја доверивте честа и одговорноста да бидам градоначалник на Општина Штип. Ме направивте горд што ме ставивте во позиција да ги остварувам и споделувам со вас секојдневните постигнувања на нашиот град, но и плановите за да ја носиме нашата заедница кон напредок и просперитет и понатаму,“ рече Бочварски на почетокот од своето излагање.
Тој посочи дека во првите моменти од сбојот мандат се соочил со празна општинска каса, а како резултат на тој факт бнастанал и проблем со исплаќање на платите на вработените.
„Тоа мене, Советот на општината и вработените во локалната власт не не поколеба да работиме во интерес на Штип и на неговите граѓани, односно да започнеме со остварување на ветувањата дадени во предизборната програма. Таквиот пристап ни овозможи во текот на само една календарска година од мојот мандат во работи од посебно значење за општината да инвестираме над 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на градот“,посочи Бочварски.
„Таткото“ на Штип информира дека Општина Штип и јавните претпријатија постојано и во континуитет инвестираат во квалитетна инфраструктура без копја еден град – регионален центар каков што е Штип не би бил град од таков формат.
ГАСИФИКАЦИЈА: Еден од нашите приоритети е гасификацијата на градот. Избран е најповолниот економски оператор, тоа е компанијата „Простор“ од Куманово, фирма која ќе обезбеди идеен и основен прокет за 20 километри гасификациона мрежа. Како градоначалник на Општина Штип одржав бројни средби со стопанственици на територија на општина Штип, нивниот интерес за најефтиниот енергенс е голем.
„За само една година во Штип се изградени 2.440 метри улици и 1.000 метри локални патишта, реконструирани се 1.070 метри улици, а се изградени 4.000 метри квадратни инфраструктура за пешаци, 1.400 метри тампонирани улици и пристапни патеки. Извршена е изведба на нови и реконструкција на постоечки водоводни линии со должина од 2.929 метри и канализациони линии со должина од 1.624 метри. Заедно со јавните претпријатија рабоевме и работиме на квалитетно и темелно уредување како на површинскиот дел, така и на делот кој се наоѓа под улиците и којшто е дотраен заради негрижата на изминатите власти,“ рече Бочварски.
Во Општина Штип е започнато со изградба на детска градинка во населба Сењак 4, капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните. Овој проект чини 800.000 евра и ќе го реши проблемот со сместување на 200 дечиња.
Во централното градско подрачје изградена е паркинг платформа со што делумно се решава сообраќајниот хаос што претставува горлив проблем за граѓаните на Општина Штип. Новата платформа ќе чини околу 10 милиони денари.
Како едни од значајните предизборни ветувања на Бочварски, се гасификација на општина Штип и брана на реката Отиња.
„Избран е најповолен економски оператор-компанијата „Простор“ од Куманово, фирма која ќе обезбеди идеен и основен прокет за 20 километри гасификациона мрежа. Како градоначалник на Општина Штип одржав бројни средби со стопанственици на територија на општина Штип, за да ја увидам заинтерсираноста кај граѓаните за приклучување на гасификационата мрежа. Општина Штип паралелно работи и со институциите во градот кои би требало да се вклучат на гасоводот,“ изјави Бочварски пред присутните.
Штипскиот градоначалник додаде и дека во моментот се работи на преработка на основниот проект за брана на реката Отиња, а паралелно со тоа се работи на ревизијата на основниот проект за брана на реката Oтиња. Завршен е тендерот и започнува да се работи на студијата зза животна средина.
„Во изминатиов период интензивно работевме на реализација на ветеното. Денеска го резимиравме сето она што во изминатите година дена го направивме заедно. Сето ова беше возможно заради вашата поддршка и помош. Продолжуваме понатаму, сите заедно за еден поубав Штип, за град кој си го залсужува епитетот регионален центар во секоја смисла на овој збор. Всушност, нашиот сакан Штип го фати правецот на просперитетот“, порача Бочварски.