Штип, 26.11.2018
Археолози од Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип со група од 40 работници го истражуваат археолошкиот локалитет Киево во близина на селото Горни Балван.
„Истражувањата се на барање на АД Мепсо бидејќи на тој терен минува негов далековод. Се работи за локалитет од железно доба каде постои средновековна некропола, а под падините на доцноантичкиот локалитет Киево“, информира Мите Штерјов, директор на оваа штипска установа.
Според Штерјов тие за најмногу четириесет дена ќе ги заврѓат работите и ќе ја ослободат трасата за АД Мепсо да може да ја реализира инвестицијата.
Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип во првата половина од месец деќември планира да ја промовира книгата „Штипјани учесници во Балканските и во Првата светска војна“. Оваа книга ја има уредено Емилија Коруновск,а виш кустот, историчар на уметноста.