КОЧАНИ: Четириесетина деца од претшколска возраст во проектот „Ран детски развој“

Кочани, 26.11.2018

Наскоро во кочанското село Тркање ќе започне со работа групата деца на претшколска возраст. Оваа група е формирана во рамките на проектот „Ран детски развој“.

Тоа е една од двете групи опфатени со овој проект што го финансира УНИЦЕФ со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, го спроведува Општина Кочани, а чија цел  е да овозможи згрижување и воспитување на деца од возраст од 3-6 години во средини каде нема соодветен пристап за таква социјална заштита.

– Мал застој има со групата деца што ќе бидат сместени во комплексот „АСНОМ“, затоа што Комисијата при Министерството за труд и социјала даде забелешки во однос на приодот до просториите кои беа договорени за таа намена. Сега понудивме нови простории на истата локација, во  Спомен домот „АСНОМ“, за кои се надеваме дека ќе бидат прифатени од Комисијата – соопшти Александар Јосифов, секретар на Општина Кочани.

Првичниот договор и изборот на локација за реализација на проектот „Ран детски развој“ е потпишан во септември 2017 година, кога се избрани и просториите на кои сега реагира Министерството за труд. Тие во претходниот период биле издавани под закуп на други правни лица, а по нивното иселување останале нефункционални.

Во „Ран детски развој“ ќе бидат згрижени 40-ина деца, од кои дел од ромската заедница, а дел кои живеат во рурална средина.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе