Штип, 16.01.2019
Ако денес требаше да бидете некаде за да дишете чист, квалитетен воздух тогаш требаше да бидете во Штип. Денес напладне Градот под Исарот, родното место на штипската пастрмајлија го имаше убедливо најчистио воздух во државата.
Точно во 12 часот апликацијата „Мој воздух“ ни покажа дека Штип имаше 5 микрограми на метар кубен воздух. Во исто време Кавадарци имаше 171 микрограми, Тетово 98, Битола 124, Скопје 93 додека Струмица на едно мерно место измери 111 а на друго цели 219 мигрограма на метар кубен. Од соседните градови на Штип Кочани имаше 30 микрограми на метар кубен.
Дозволената граница е 50 микрограми на метар кубен. Штип со својата чиста, незагадувачка индустрија и со познатиот „штипски ветер“ си обезбедува во континуитет епитет на град во кој поради чистито и квалитетен воздух вреди да се живее.