Виница доби грант за мини багер од Јапонската Амбасада

Виница, 21.02.2019

Долгогодишната соработка на Македонија и Јапонија, која вчера заокружи 25 години дипломатски односи, со позитивен одговор и на локално ниво. Девет општини, меѓу кои и Виница добија грантови за реализација на локални проекти. Градоначалникот Ивица Димитров и директорот на ЈКП “Солидарност“, Игорчо Христов, вчера потпишаа договор со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, за добивање грант во мини багер со ровокопач Хитачи, чија вредност е 29.054 евра.

“Ова е наша втора средба со амбасадорката Ханеда, која пред неколку месеци гостуваше во Виница, а таа наша средба резултираше со конкретен исход, за што сакам јавно да се заблагодарам“, рече Димитров.

vinica japonska“Во краток временски период, успеваме квалитетно да го подобриме машинскиот парк на нашето претпријатие. Пред месец дена набавивме ровокопач за потребите на градежната оператива, а еве сега го очекуваме да пристигне и новиот мини багер, со што очекувам значително да се подобрат нашите комунални услуги“, рече Христов.

Инаку, на свеченоста во Скопје, на потпишувањето на договорите покрај амбасадата, присуствуваа и повеќе министри од Владата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе