Наместо практична настава учениците чистат конци

Штип, Декември, 2016

Учениците од средното текстилно училиште во Штип, кога одат на практична настава во дел од штипските конфекции, не учат ништо практично туку само чистат конци. Ова го рече наставничка од спомнатото училиште на денешната дебата посветена на обезбедувањето потребен стручен кадар за фирмите. Дебатата беше во организација на Регионалната сопанска комора, а на истата присуствуваа триесетина претставници на фирми, но ги немаше од поголемите претпријатија.

01„Нашите ученици не се прифатени во фирмите, кога одат на практична настава нив нема кој да ги прифати, да работи со нив, да ги упати во производството“, потенцира наставничката од спомнатото училиште.

Претставниците на образовните институции побараа секоја фирма да има ментори кои ќе работат со учениците. Таков беше ставот и на претставничката на Стопанската комора на Македонија.

„Имавме средба во Кочани помеѓу наставници и претставници на компании, но не дојде ниту еден ментор“, посочни друга наставничка.

Компаниите се жалат дека средното образование кај нас не продуцира кадри за нивните потреби. Дека децата одат на училиште без претходно да знаат дали тоа за што ќе се остручат е потребно за стопанството, односно дали лесно ќе најдат работа. Од средните стручни училишта пак изразуваат незадоволство од односот на фирмите кон учениците кои одат на практична настава.

И така, оваа приказна се врти во круг долги години.

Како позитивен пример е потенцирана соработката помеѓу средното стручно училиште во Виница и познатата компанија „Макпрогрес“. Во оваа виничка компанија која го има брендот „Винчини“, учениците ќе одат на практична настава и од фирмата ќе имаат специјален ментор.

„Училиштата се борат за бројки, да го запишат планираниот број ученици, да пополнат паралелки, притоа не се гледа на квалитетот на учениците кои се запишуваат. Тоа мора да се промени“, потенцира директорот на ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ од Штип.

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе