Охрид, 4. март 2019
– Општина Дебрца реализираше грант од ИПА – Програмата на ЕУ, во вкупна вредност од 9.048.088 денари, или 147.000 евра.
Делот на учеството на општина Дебрца, е 26.000 евра.
Денеска е реализирана набавката и од страна на избраните добавувачи е испорачана механизацијата: универзален ровокопач натоварувач ЈЦБ, опремен со нож за чистење на снег и мини ровокопач на гумена гусеница ЈЦБ, во вкупна вредност од 5.892.191 денари;трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и нож за чистење на снег, во вредност од 2.441.550 денари и теренско возило Лада Нива, во вредност од 714.347 денари.
– Во оваа прилика, изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија за обезбедениот грант, Министерството за финансии кое го спроведуваше проектот / МСИП проектот за подобрување на општинските услуги и советниците во советот на општина Дебрца, кои едногласно го поддржаа овој проект, рече на примопредавањето градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески..
Со механизацијата ќе стопанисува Јавното комунално претпријатие во општината, чии раководители презедоа обврска за успешно користење и грижа како добри и совесни домаќини.
Граѓаните на Дебрца сакам да ги уверам дека дека ова не е крајот на нашите заложби да обезбедиме квалитетни комунални услуги. Напротив, во подготовка или во тек се и други проекти за кои набргу ќе информираме, потенцираше градоначалникот Зоран Ногачески по извршувањето на техничкиот прием на механизацијата.
В.М.