Штип, 12.03.2019
На дваесет дена пред изборите за Претседател на Република Македонија, Локалната самоуправа врши дејствија кои се спротивни на одредбите од Изборниот законик.
Имено, сабајлево, вработените во Територијалната противпожарна единица, добиле изрична наредба овие дрва да ги поделат на социјално загрозени семејства.
Со оглед на тоа дека се работи за предизборен период, ја прашуваме локалната власт:
Дали е ова класичен предизборен поткуп и тоа на најранливите категории на граѓани?
Дали со ова не се повредува Изборниот законик?
Дали Градоначалникот знае дека доколку се утврди поткуп на гласачи, тоа е кривично дело за кое има сериозни санкции?
Ги повикуваме надлежните институции да истражат дали во случајов се користат ресурси на јавните институции за целите на една политичка партија, токму во периодот на предизборието.
Од локалната власт засега нема одговор.