ШТИП: ВМРО ДПМНЕ против мајката на Бочварски, претседателот на Здружението на пензионери по вторпат ги демантира

Штип, 25.03.2019

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на заб го зеде семејството на штипскиот градоначалник Благој Бочварски и повотрно мета на опозициската партија е мајката на градоначалникот. На денешниот прес пред Домот на пензионери ВМРО ДПМНЕ го објави следново:

-Дека „правото на слободен избор“ НЕ „владее во секој сегмент од нашето општество“, зборови со кои СДСМ ја убедуваше јавноста пред некој ден, се докажува со овој лист хартија. На истиот јасно се гледа дека мајката на Градоначалникот е втора по ред на списокот со делегати на Собранието на Сојуз на пензионери на Македонија.
Ако не е претседателка на Активот на пензионерки од Штип, зошто само таа и Претседателот на Здружение на пензионери од Штип ќе ги застапуваат интересите на штипските пензионери во националниот Сојуз до 2023 година?
Ако слободниот избор, кој е карактеристика на демократските општества беше присутен при селекцијата на делегати од Штип, дали мајката на Градоначалникот на Општина Штип би се нашла на овој список? Дали семејството Бочварски си ја распределува моќта во секој сегмент од нашето живеење?
Ова се прашања на кои целокупната штипска јавност заслужува да добие одговор.
Затоа што, јавниот и невладиниот сектор не се приватна компанија!

Вака гласеше јавното прашања кое денес го испорача ВМРО ДПМНЕ.

На овој прес демант дојде од претседателот на Здружениот на пенизонери Ристе Нетков. Во демантот од највисоката функција на пензионерската организација стои:

Почитувани,

Никој не врши влијание или притисоци врз Здружението на пензионери. Членовите и членките согласно статут ги избираат претставниците на функциите кои воопшто не се платени.

За информации на јавноста, досега нема точна информација за тоа кои членови ќе го претставуваат Здружението на пензионери од Штип во Сојузот на Здружение на пензионери на Република Северна Македонија до 2023 година, бидејќи изборот на делегати во Сојузот ќе се случи во периодот што следува.

Како Здружение кое ги претставува интересите на штипските пензионери, ја замолуваме опозициската партија да не шири лаги и дезинформации, со што наштетува на целокупниот процес во кој е запазена секоја правна процедур, рече првиот штипски пензионер.

Инаку ВМРО ДПМНЕ пред неколку дена објави дека мајката на Бочварски била избрана за претседателка на активот на жени при Здружението на пензонер. Од Здружението на пензионери ја демантираа оваа вест како лажна и посочија дека таков актив во нивното здружение воопшто не постои.

ВМРО ДПМНЕ не се извини за намерната или ненамерна грешка или „грешка“!

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе