Штип, 13.07.2019
Градот Скопје на Штип му подари специјално возило, тнр. „Пајак“ за отстранување на напрописно паркираните возила.
Советот на општина Штип, на последната седница, донесе одлука со која определи локација на која пајакот ќе ги носи возилата кои таму ќе стојат се додека сопственикот не си ја плати казната.
Паркин центарот за овој тип возила многу бргу ќе биде уреден на улица „Булева ЈНА“, во населбата „8 Ноемвир“ кај старите бунари. Ќе биде од затворен тип, со постојана чуварска служба и контрола на влезот и излезот на возилата.
Се смета дека на овој начин ќе се стави ред во паркирањето во градот.