Делчево, 16.07.2019
Делчевци од денеска ќе можат бесплатно да склучуваат граѓански брак во новите простории во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ.
Оваа Одлука ја донесоа делчевските советници на редовната 27 Седница, а согласно со Одлуката за користење на просторијата за склучување граѓански брак нема да се плаќа надоместок. Заинтересираните граѓани е потребно за користење на салата за оваа намена да доставуваат барање до Општина Делчево од каде ќе добијат потврда за соодветниот датум и час за склучување брак кој ќе се достави до Матичната служба во Делчево.
За потребите на новата сала за венчавање, Општина Делчево има набавено нов инвентар, како декоративна маса и столици, со цел да се збогати свечениот амбинет при склучување граѓански брак во Делчево.