Струга, 19 јули 2019
– Здружението Антропија, кај нас, носител на независната, алтернативна театарска сцена, чии актери се познати по нивните претстави ,,Да го поздравиш и да ми го бациш,,, ,,Експеримент,, и ,,Ужеганатост,,, започнаа со реализација на нов проект, инспириран од живите ритуали и човекот и значењето на човекот кој секако се наоѓа во центарот на овие ритуали.
Секако, станува збор за најпознатиот театар во живо на балканските и пошироки простори – Вевчанскиот василичарки карневал.
Крајниот продукт- претставата, се очекува да се развие низ истражувања и соработка со оние кои денес се дел од овие ритуали и ја одржуваат во живот колективната меморија на својот народ.
Тие самите ќе бидат актерите во претставата.
За таа цел, на 23 и 24 јули, во Вевчани, ќе се спроведуваат интервјуа со заинтересираните. Единствен услов е да носите некоја од традиционалните маски (да сте биле дел од карневалските случувања) и да имате повеќе од 18 години.
Интервјуата ќе ги спроведе режисерот на претставата, Марко Мартинс, а ќе биде присутен и продуцентот Ренцо Барсоти.
– Кога нè поканија како организација да бидеме дел од овој проект веднаш помисливме на богатството на Вевчанскиот карневал, а секако и на вевчанската култура (како значаен сегмент во негување на македонската митологија). За таа цел одлучивме подготовките на проектот, а секако во иднина и дел од проектот, да се случува во Вевчани и со вевчанци, напоменува агилниот градоначалник на Вевчани Сашо Јанкоски .
,,Современиот свет станува отровен. Глобална мрежа. Се чувствувам сиот врмежен и изоиран, истовремено дисконектиран и премногу конектиран. Се чувствувам како да живеам во фабрика, и вистински и виртуелно- за храна, санитарна, морална и филозовска.Има толку да се прочита, а премногу од тоа е глупаво и лажно. Веќе не знам дали јас сум тој што конзумира или јас сум тој што е конзумиран.(…)Веќе е тешко да се движиме и за брзо ќе се бориме за воздух. Се губиме самите и ги губиме другите. Се чини дека не добиваме ништо во замена на она што го губиме.̋
Ова е основната порака, додека носител на проектот е Симона Спировска од Скопје.
Дипломирала и магистрирала катедрата за Драмски актери, на Факултетот за Драмски Уметности, во Скопје, во класата и под менторство на проф. Владимир Милчин.
Од 2011 до 2013 година работи како демонстратор на Факултетот за драмски уметности, по предметот Сценски движења и танци. Во моментов е вработена во Театарот за деца и младинци, Скопје и е дел од здружението Артопија.
Игра во претставите кои се на редовниот репертоар на Театрот за деца и младинци, меѓу кои: Оливер Твист, во режија на Срџан Јаначиевиќ, Заспанот разум раѓа чудовишта и Нашиот клас, во режија на Владимир Милчин, Снежната кралица,во режија на Драгана Милошевска, Сидарта, во режија на Јане Спасиќ и други (игра во над 10 претстви во матичниот театар), како и во претставите кои се дел од репертоарот на Артопија: Да го поздравиш и да ми го бациш, во режија на Билјана Радиноска и Експеримент, во режија на Јане Спасиќ.
Редовно соработува со театарот Cantieri Teatrali Koreja, од Лече, Италија, како дел од актерската екипа во претставата La parola padre(Зборот татко), во режија на Габриеле Вачиз.
Дел е од филмски и телевизиски проекти,а работи и како кореограф на бројни театарски и телевизиски проекти.
Веле Митаноски