Од светски потврдениот ликовен уметник, а наш, охридски зет, Мајкл Клос,по едно платно – подарок за Охрид и неговото “Охридско лето”
Охрид, 25. Јули
– Веднаш по завршувањето на ликовната изложба, во Куќа Уранија – МАНУ, во Охрид, на светски потврдениот ликовен уметник, а наш, охридски зет, Мајкл Клос, отворена од страна на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, големиот уметник со македонски коерени, кој живее во Торонто, заедно со сопругата Менка, однесоа по едно платно – подарок за Охрид и неговото “Охридско лето”.
Уметничките дела, Клос и Менка, им ги предадоа, на посебен прием, на градоначалникот Коста Георгиески и на директорката на “Охридско лето”, Наташа Поповиќ.
На приемот, Георгиевски, уште еднаш се заблагодари на хуманата идеја Клос да го пренесе во Охрид неговото уметничко создавање, во форма на продажна галерија, од која ќе произлезат средства за стипендирање на еден студент .
-Вашата хумана идеја, јас ја продолжив со ентузијазам и признателност и таа ќе биде реализирана. Истовремено,сакам да ви се заблагодарам јавно, што вашата приватна архива, е веќе трајна сопственост на Охрид и Македонија. Депонирана во Подрачната единица на Архивот во Охрид, таа ќе биде систематски обработена, регистрирана по сите стандарди и ќе остане на увид на идните генерации, со сите оригинални документи, дневникот што сте го воделе во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои сте лобирале за признавањето на Република Македонија под уставното име, за колекцијата цртежи и слики на платно – рече охридскиот градоначалник.
Отворајќи ја, пред една седмица, изложбата на Клос, дел од “Научната и уметничка визита – Охрид 2019” на МАНУ, градоначалникот Георгиески нагласи:
-Светски, а наш, Мајкл Клос ги завреднил најпозитивните оценки на светските ликовни познавачи и сликари. Во оваа прилика, сакам да потсетам на оценките од двајца колеги на Клос, исто така ликовни уметници со мегународно реноме, а охригани. Покојниот, Вангел Наумоски, пред да замине во вечноста, за Клос се произнесе:“ Од Клос зрачи Македонија. Дали се тоа фрески,или не, јас не знам, но знам дека е тоа врвот на модерното”. Академски сликар, нашиот Славко Упевче, ќе додаде:“ Од Клос извира ведрина со нагласено чувство на естетика. Чинот на уметниочкото создавање тој го постигнува со експресијата на боите”.
Веле Митаноски