После 15 години, осветен храмот “Св.Тројца“ во с.Трсино

Изградбата започна 2004 година, а осветувањето стаса после 15 години. Селото со најсолиден наталитет во општина Виница Трсино, од денес, први август конечно има своја црква посветена на “Св.Тројца“. Чинот на осветувањето со сите црковни почести го изврши Владиката Иларион во сослужение на свештенците од Брегалничката 68244646_856940304691164_8136371081876340736_nЕпархија. -Помошта околу изградбата на црквата беше од сите, од бившите градоначалници Марјан Костадинов и Горан Ангелов, сегашниот Ивица Димитров, како и од нашите иселеници Стојан Пешов и Гоце Анакиев . Благодарност до сите нив, но овој наш храм кој се гради цели 15 години, делумно е завршен, но целосно не, се надеваме дека во најкраток временски период ќе биде комплетиран. Селото брои околу 750 жители, тука се околу 400, но за летниот одмор сите се тука. Во овие две години , во селото се реализираа повеќе значајни проекти, останува уште канализацијата како приоритет.“, рече претседателот на Месната заедница Зоран Ристовски. -“Ова е втора црква која се осветува во текот на мојот мандат, ние како општина заедно со месните заедници ја помагаме изградбата на овие духовни храмови, и ќе продолжиме во рамките на нашите можности. Сакам на сите жители на Трсино, и на општина Виница да им го честитам утрешниот празник Илинден“, рече градоначланикот Ивица Димитров. Осветувањето се славеше со голем црковен ручек кој се служеше во кругот на црквата.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе