Охрид, 15 август 2019
– Македонија, доколку не постигне, далеку поголема од планираната стапка на развојот, од 3,3 проценти, ќе и требаат децении, за да биде она што, на пример, Хрватска веќе била во 2015 година!
Со вакви предвидувања, се обрати Д-р Александар Дединец, кој, во рамките на “Научната и уметничка визита Охрид – 2019”, се обрати во “Куќа Уранија” – МАНУ, со предавањето: “Енергетската политика во Македонија во функјција на одржчив развој”.
Образложувајќи ги научните методи во функција на политиката, Дединец напомена дека,основната задача на сите чинители во општеството, е да пронајдат начин како да ги задоволат потребите на населението на денешницата, а, притоа, да не се загрози утрешнината на идните генерации.
Задржувајќи се на климатските промени и одржливиот развој, Дединец, посебно напомена, дека, битни компоненти на развојот, покрај економијата, се животната средина и социјалата.
-Од Парискиот догвор се повлече земјата која ја уништува со најголема емисија на ПМ честички – САД. Самиот договор предвидува лимит од 2 проценти пораст, кој на стартот е енормен. Одговорот е во обновливите извори на енергија, во пенетрацијата на електричните возила, во смалувањето на фосилните горива, во зголемувањето е не деградацијата на шумските комплекси. За нашата земја, особено е важно да ја следи Европската енергетска политика и стандардите кои Брисел ги поставува. А тие упатуваат на зголемување на енергетската ефикасноист за 32,5 проценти, односно смалување на стакленичките гасови за 40 проценти до 2040 година – напомена Дединец.
Во нашата земја, новиот закон за енергетика ги третира прашањата на одржливиот развој. Но едно е да се носат закони, а други да се имплементираат.Особено заостануваме од аспект на растот на таканаречените зелени работни места.
-Кај нас навистина се работи на нова стратегија од аспект на одржливиот развој. Се работи и во Сребија, но и таму не е завршена работата. До крајот на годинава, евентулано Хрватска може да финишира. Од друга страна заштитата на природната средина не е само национален, туку регионален и глобален проблем. Ние треба да работиме на преносните системи на електрична енергија во прекуграничната размена, но и на редукција на фосилните горива. Термоелектричната центра “Осломеј”, во ниту една варијанта, не треба да работи ,а РЕК Битола – само со редуциран капацитет. Но, со истиот проблем се соочува и Србија, но и другите земји во регионот.
Во поглед на новата европска регулатива Македонија се подготвува за три сценарија. Оптималното е во тоај клуб да се најде во 2025, следната летвичка е 2027, наредната 2030. Но тоа се само посакувани сценарија и цели.
-Светот го очекуваат нови и големи предизвици: Деградација на земјиштето, смалени приноси на посевите, нов тренд – климатски миграции, или бегалци. Климатски апархејд – положбата на нјајсиромашните е драматична. Пораст на глобалното затоплување –од една, а никаков напредок во смалувањето на емисијата на гасовi. Го имавме најтоплиот јули, Грендлан се топи и ги потопува морињата, просечното годишно затоплување веќеоди кон 1 процент. Алармот еодавна запален. Од друга страна,ниту една од балканските влади не размислува старите термо електрични централи да ги испрати во историјата. Јаглен диоксидот е проблем над проблемите .И на сето тоа повлеккувањето на САД од Парискиот договор. Ако е некаква утеха и добра вест, тоа е што одделни држави на САД, водат самостојна политика и се мошне добро ги исполнуваат обврските.- рече Дединец на предвањето во “Куќа Уранија” – МАНУ, во рамките на “Научната и уметничка визита –Охрид 2019”.
Д-р Дединец, откако дипломирал,магистрирал и докторирал со највисоки оценки, од 2011 година е ангажиран како асистент истражувач во реализација на проекти во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, а од 2018 година е вработен во Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ како Соработник истражувач.
Д-р Александар Дединец својата научноистражувачката и стручно-апликативната дејност ја остварува преку учество во реализацијата на 48 проекти.
Учествувал во 23 проекти реализирани од страна на научно-истражувачките центри на МАНУ. Од 2014 година, е ангажиран и од страна на реномирани светски институции (USAID, UNDP, Енергетска заедница, Хрвоје Пожар и други), во својство на независен консултант, во реализација на дополнителни 25 проекти од ова подрачје.
Автор е, или коавтор на 41 труд од подрачјето на одржливиот енергетски развој при тоа 13 од нив се објавени во врвни светски списанија со фактор на влијание, 21 труд во зборници на трудови и 6 во зборници на апстракти.
Веле Митаноски