Штипш, 04.10.2019
Премиерто Зоран Заев утре ќе престојува во Штип на јавна трибина со граѓаните на овој град. По тој повод се огласи Александар Кангалов, претседател на Општинската организација на СДСМ. Еве што кажа Кангалов.
-Избравме пат што ни гарантира подобро утре, се движиме во вистинска насока и ги оставаме проблемите зад нас. Се движиме на пат кој носи раст на платите, градежна офанзива и пари кај граѓаните. Се движиме на пат што значи слобода, безбедност и сигурност – се движиме на пат до НАТО и ЕУ!
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија ги интензивира активностите и средбите со граѓани во периодот што следува. Сите структури на партијата се ставени во функција на граѓаните. Како што доликува на државотворна, модерна, европска партија, ние сме меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.
СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните под слоганот „На прав пат“ ширум републиката.
Ни претставува особена чест што овој караван започнува токму од нашиот град. Утре Штип ќе биде домаќин на настан на којшто се очекува присуство на многу наши сограѓани, на партиското раководство, како и на претседателот на СДСМ и претседател на Влада, Зоран Заев.
Почитувани сограѓани,
Приклучете се на вистинскиот, на правиот пат, заедно, за економски раст, напредок, интеграција, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани. Ве повикувам да ни се придружите, да се приклучите и сега онака како што се приклучивте на позитивните промени.
Ве очекуваме во сабота, на 5 октомври, во Центар за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 13:00 часот.
Ајде сите заедно да чекориме на сигурниот, брзиот, на правиот пат за да постигнеме уште повеќе за нашата земја.