Штип, 5.10.2019
„Го поставивме возот на шините. Тој е тргнат за Европа и него никој и ништо не може да го запре. На 17 и 18 октомври, по петнаесет години чекање, ќе ги започнеме преговорите за влез во ЕУ“.
Ова го изјави премиерот Зоран Заев од трибината во Штип во преполнетата сала на Домот на култура „Ацо Шопов“ на која уште говореа министерката Мила Царовска и штипскиот градоначалник Благој Бочварски. Заев учествуваше на трибината под наслов „На прав пат“ која тргна од Штип а ќе се одржи во сите наши градови.
За нашиот влез во НАТО премиерот рече дека од 29 држави досега 22 држави го имаат ратификувано протоколот, единствено што овој процес може да го одложи до јануари е политичката состојба во Шпанија.
-Република Северна Македонија е на правиот пат. Стануваме членка на НАТО, а тоа значи дека во нашата убава држава никогаш нема да има војни. Тоа значи сигурност, стабилност, безбедност. Тоа поволно ќе влијае врз бизнисот, странски и домашни инвестиции, поголеми плати, останок на младите во татковината, поголеми пензии, сериозна социјална заштита, рече премиерот.
Заев уште еднаш потврди дека ќе си го одржи зборот и дека до крајот на мандатот на оваа влада лекарите специјалисти ќе имаат плата од 100.000 денари. –„Крајот на мандатот на нашата влада е за една години, до тогаш специјалистите ќе имаат плата од 100.000 денари, тоа ќе повлеќе зголемување на платите и на другиот медицински персонал и тие нема да имаат причина да ја напуштаат државата“, порача премиерот.
На прашање од публиката за пензиите и зшто тие не се покачени како што било најавувано премиерот рече дека оваа влада нема намера со незаконски мерки да го купува гласот на пензионерите.
-Ние секоја година сме во избори, нашите претходници со цел да им се додоворат на пензионерите и да го придобијат нивниот глас еднократно им ги зголемуваа пензиите со по 500, 600 денари, а тоа не беше во согласнот со законот и направи сериозна дупка во пензискиот фонд. Ние ветивме, а тоа така и ќе биде, дека пензиите ќе се зголемуваат согласно законот, а по Нова година пензионерите ќе сведочат на сериозно, но законско зголемување на пензиите“, истакна Заев.
Заев се осврна и на однесувањето на опозицијата во овие пресудни но радосни моменти за Република Северна Македонија.
-Сосема е неразбирливо како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните, истакна Заев. Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран Заев.
Премиерот Заев се осврна на инвестициите во земјава посебно во делот на патната инфраструктура, изградба на нови водоводи и канализации, а како што рече се гради согласно потребите на граѓаните. Премиерот рече дека парите се инвестираат кон граѓаните, а не за изградба на споменици. Новата мерка супституција на платите се очекува да почне од 1 ноември. Порача дека ако сопствениците на компаниите ја зголемат платат за 100 евра нн работниците, во тој случај тие како Влада се подготвени да ги платат придонесите за пензиско и здравствено за работниците.