Штип, 14.10.2019
Во Штип се гради нова станбена населба наречена „Сончев град“, а денес увид во работите на патната инфраструктура изврши градоначалникот Благој Бочварски.
Тој потенцира дека е поставена нова асфалтна инфраструктура на новите улици во населбата Сончев град. Се работи за 760 тони асфалт на повшина од 4500 метри квадрратни, со што населбата Сончев град добива нови улици, а граѓаните квалитетна инфраструктура.
Градоначалникот Бочварски потенцираше дека сите граѓаните заслужуваат квалитетна надземна и подземна инфраструктура, а локална власт ќе продолжи да инвестира во нови асфалтни површини.
Во оваа населба се поставени нова водоводна и канализациона линија, а наскоро ќе се поставува и ново улично осветлување.