ШТИП: Во убав амбиент промовирана книгата раскази Маалски прикаски од Синиша Станковиќ
Штип, 21.11.2019
Синоќа во штипската национална универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата раскази „Маалски прикаски“ од новинарот Синиша Станковиќ.
Промоцијата беше прилично иновативна, преку разговор со писателот кој го водеше новинарот Столе Наумов, беше раскажа прикаската за тоа како е создавано ова дело, за значењето на маалото во животот на една генерација, за маалските случки, маубети, договарања, мангуплуци и слично.
Во книгата се содржани над 60 раскази кои авторот ги пишувал во период од пет години пред да се реши да ја објави истата. Дел од расказите инспиративно ги прочита Марјан Наумов, актер од малдата генерација македонски актери.
Програмата беше збогатена со прекрасната музика на ученици од ДМУЦ „Серѓеј Михајлов“ под будното око на професорката м-р Марија Максимова.
Авторото Синиша Станковиќ на крајот оа убавиот културен настан потпишуваше книги на љубителите на убавата литература.
Нашиот портал ви донесува неколку фотографии од настанот.