Штип, 09.12.2019
Од Општинската организација на СДСМ реагираат на денешно соопштение испратено од МРО ДПМНЕ до јавноста.
-ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип и денеска се служат со перфидни лаги и манипулации со јавноста. Сакаме да ја информираме јавноста дека партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ повторно се служат со паушални и невистинити обвинувања само за да ја вознемират јавноста.
Владата предводена од СДСМ е отворена и транспарентна во својата работа. Ниту еден процес предводен од оваа Влада не поминува без целосна информираност на јавноста и сондажа на јавното мислење.
Единаесет години ВМРО-ДПМНЕ зад затворени врати, целосно исклучувајќи ја јавноста и на мала врата носеа поразителни одлуки за македонското општество.
Владата предводена од СДСМ самоиницијативно и на најотворен, натранпсарентен начин ги става на увид и под лупа сите важни одлуки и процеси.
За каква било промена, ние како одговорна власт ја вклучуваме јавноста, ги даваме предлозите на разгледување преку дебати, отворени средби и слично.
Не постои иницијатива за укинување на задолжителниот карактер на средното образование. Тоа се лаги продуцирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со кои уште еднаш на дело се покажува дека на оваа партија не треба да и се верув, соопштија од ОО на СДСМ во Штип.
Наша забелешка: нашиот портал не доби информација на што се однесувал денешниот прес на ВМРО ДПМНЕ и затоа не можеме да го објавиме нивното јавно обраќање…