Штип, 13.12.2019
Реализацијата на мерките од нашата Изборна програма од 2016 година и придобивките што ги добиваат најранливите категории граѓанки и граѓани покажува дека навистина сме на прав пат!
Со реформата во социјалната заштита воспоставивме заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за извлекување од сиромаштијата.
Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019 година, детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за 3,5 пати повеќе од претходно. До крајот на реализацијата на оваа реформа очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно.
Со оваа реформа, ние ја намалуваме детската сиромаштија и им го враќаме достоинствениот живот на луѓето. За 2020 година предвидени се 600 милиони денари за исплата на детски додаток, а 672 милиони денари за образовен додаток.
Грижата за нашите сограѓанки и сограѓани кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ. Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите. На прав пат сме, рече на денешниот прес Игор Богдановски од СДСМ.