ШТИП: Во понеделник во МАНУ промоција на тритомната студија „Руска религиска философија“ од проф. д-р Трајче Стојанов
Штип, 20.12.2019
Во понеделник, 23.12.2019 година вo 11 часот, во Македонската академија на науките и уметностите, ќе биде промовирана тритомната студија на професорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип-д-р Трајче Стојанов – „Руска религиска философија“.
Книгите се дел од библиотеката Филозофија на издавачката куќа „Аз-Буки“, односно 70, 71, 72 издание од оваа најзначајна филозофска едиција во нашата земја.
Организатори на промоцијата се Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Филозофското друштво на Македонија и Издавачкaта куќа „Аз-Буки“.
Настанот е поддржан од Амбасадата на Руската Федерација во Република С. Македонија. Собирот ќе го поздрави амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава Н.Е. Сергеј Баздникин.
Промотор на оваа студија на професорот на Факултетот за образовни науки на УГД, д-р Трајче Стојанов, ќе биде проф. д-р Ристо Солунчев.