KOЧАНИ: 72 лица во домашна изолација, социјалните служби снабдија 34 семејства

Кочани, 18.03.2020

Во Кочани 72 лица се во домашна изолација, а за неполни три два дена службите за социјална помош опслужија 34 домакинства.

-Почитувањето на препораките за заштита – клучно за стопирањето на несаканите

последици од КОВИД-19. Во посебни услови на работење и живеење заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот, а во услови кога 72 лица, жители на Кочани се во домашна изолација, неопходно е одговорно однесување на секој поединец заради спречување на несаканите последици

– Самоизолацијата и редуцираното движење, избегнувањето контакти со други лица е основа на секое индивидуално однесување, од кое произлегува развојот на болеста. Препорачуваме сите совесно да се однесуваат. Институционалната координација преку Штабот за заштита и спасување со почитување на препораките на Министерството за здравство и на Светската здравствена организација продолжува, вели градоначалникот Николчо Илијев.

Првиот граѓанин на Општина Кочани упати апел до стопанствениците за редовна дезинфекција на просториите за работа, до пензионерите и до младите кои се забележани дека се групираат и не ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот – да не бидат ризик за себе и за своите најблиски.

Од 16 март 2020 г., откако е обезбедена поддршката во набавката за храна и лекови за болните, старите и изнемоштените лица преку Мобилниот сервис за домашна посета и службите за социјална заштита од Општина Кочани, опслужени се 34 домаќинства. Мобилниот сервис за домашна посета известува за одлична соработка со волонтерите на Црвениот крст од Кочани и со Територијалната противпожарна единица. КЈП „Водовод“ продолжува со миење и дезинфекција на улиците и на други јавни површини. Сообраќајните инспектори вршат контрола на такси и јавниот превоз за редовна употреба на заштитни маски и ракавици и дезинфекција на возилата. Градскиот пазар ќе биде затворен сѐ додека траат мерките за заштита. Граѓаните можат да се снабдат со земјоделски производи од секојдневните зелени пазари во градот.

И во Кочани МВР отвори бесплатна линија на која граѓаните можат да се информираат за сите активности во надлежност на Министерството, кои се поврзани со постапувањето на МВР во врска со спречување на ширењето на коронавирусот. Телефонскиот број е 080000201, работи 24 часа, седум дена во неделата.

Отворена е и е-адресата на Министерството: mvrinformaciiuslugi@mojgov.mk, за

поставување прашања или пријавување случаи за непочитување на инструкциите и одлуките на Владата во врска со справувањето со коронавирусот.

Љ.Ајтовска

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе