ДЕЛЧЕВО: Акција за донации наменета за социјално ранливи категории граѓани

Делчево, 27.03.2020

Хуманитарни пакети за социјално ранливи категории во Делчево обезбедија  Живко и Горица Симови вработени во ООУ „Св.Климент Охридски“. Со нивната донација од 30.000 денари се обезбедени 30 хуманитарни пакети составени од средства за хигиена и прехранбени продукти. Овие пакети во текот на денешниот ден ќе бидат доставени до семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатиов период побараа помош од Општина Делчево.

Мотивот за оваа донација на Симови е да се помогне на семејства кои живеат во социјален ризик, полесно да ја поминаат оваа криза. Со оваа донација започна и хуманитарната акција на Општина Делчево „Хуманост на дело“ со која ќе се собираат средства за да се помогне на оние на кои им е најпотребна помош во оваа вонредна состојба.

dd02Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, најавувајќи ја акцијата, изрази јавна благодарност до Симови, но и до сите хумани луѓе кои во оваа исклучително тешка ситуација, собираат донации и несебично мислат и помагаат на своите соседи, пријатели, граѓани на Делчево.

-Одговорноста и солидарноста на секој поединец во време кога ги живееме најтешките денови, е за секоја почит. Изразувам јавна благодарност до нашите сограѓани Живко и Горица Симови и нивниот потег нека биде поттик за сите да помогаме на оние на кои им е најтешко. Во таа смисла, сите заедно, секој од свој аспект на делување водени од хуманоста и грижата за секој човек во градот, полесно ќе го пребродиме овој кризен период. Само така ќе излеземе посилни. Бидете хумани, помагајте колку можете и почитувајте ги препораките од надлежните- останете дома, истакна Трајковски.

Следејќи го интересеот за донирање кај физичките и правните лица во Делчево, Општина Делчево е во постапка за отворање донаторска сметка за таа намена, а отворена е и сметка на која ќе можат да донираат наши сограѓани кои живеат и работат во странство.

Уплатите од странските држави можат да се вршат на следната сметка:

ACCOUNT DETAILS

For payments in EUR only

Correspondent bank details:

DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE

Address:  Wilhelm Epstein strasse 14

Frankfurt am Main

GERMANY

SWIFT BIC: MARK DE FF

Bank details:

NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH OF MACEDONIA

Address: Bul.”KuzmanJosifovskiPitu” br.1

1000 Skopje   NORTH MACEDONIA

SWIFT BIC: NBRM MK 2X

Final beneficiary:

IBAN :MK07100701000078255

Name: Opstina Delcevo

Д.Такева

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе