ШТИП. Три пункта на трите влеза во градот

Штип, 30.03.2020

Три пункта на сите три влеза во градот со поставување на времен режим на движење за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во Штип. Се работи за влезот од Скопје кон Штип (Републичката полиција) , влез Струмица- Штип (училиштето Искра ), влез Кочани -Штип (,,Македонка ‘’) кадешто задолжително секое возило треба да помине низ овие дезинфекциони пунктови.

Ова е само еден од бројните заклучоци кои денес ги донесен Општинскиот Штаб за заштита и спасување на состанокот одржан во проширен состав со присуство и  на претставници од ЦЈЗ Штип, ДСЗИ Штип, , СВР Штип, ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ Штип, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување и АРМ.

-Во Општина Штип е започнато со доделување на 500 социјални пакети за социјално загрозени семејства за што поддршка дадоа општествено одговорните компании ,,Витаминка’’ ,,Jугококта’’ ,,Актива Инженеринг’’ ,,Вид’’ и   ,,Бравиа’’

-До овој момент (30.03) се тестирани тринаесет граѓани за кои се очекуваат резултатите.

-СВР Штип има за задача да контролира вкупно 128 лица од кои 31 лице се со решение за изолација, а 97 лица се со изјава за самоизолација. Приведени се 32 граѓани поради нарушување на полицискиот час.

-Општина Штип досега подели 10.000 маски за заштита на АРМ, СВР, Клиничка болница, Здравстввен дом, Трансфузија, ЈП Исар, ЈП Стипион, ТППЕ. Штабот искажува благодарност до текстилните фабрики и вработените кои се ставија во функција на заштита на граѓаните од коронавирусот.

-Општина Штип заедно со Противпожарната единица и ЈП Исар во претходниот период изврши дезинфекција на станбени згради, улици, плоштад.  До овој момент се дезифекцирани станбените објекти  во централното градско подрачје, населбите 8 Ноември, Автокоманда, и дел од населбата Сењак. Денес продолжува дезинфекцијата во останатите населби.

-Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078/472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето. Мобилните тимови на Општина Штип и Црвен Крст досега опслужиле шеесетина лица.

-Апелирам за најсериозно почитување на сите насоки од институциите, затоа што здравјето на граѓаните во овој момент зависи од сите нас. Институциите даваат максимум, но во овој момент е потребна силна граѓанска одговорност и поддршка

Штабот искажува благодарност за покажаната општествена одговорност на градежните компании ,,Бау Инженеринг’’,, Пелагонија Инженеринг’’ и ,,Коле Транс Инженеринг’’.

(И.Б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе