ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Избраните и именувани функционери лично ќе го донираат износот над 14.500 денари
Скопје, 01.05.2020
Избраните и именуваните функционери од ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИ, после одлуката на Уставен суд за Уредбата за кратење на платите, се изјаснија дека лично ќе го донираат износот над 14.500,оо денари од своите плати за април и мај 2020 година.
По одлуката на Уставен суд да ја одложи примената на Уредбата со законска сила за ограничување на платите на избраните и именуваните функционери во државата, до донесување конечна одлука, избраните и именуваните функционери од ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, искажувајќи високо ниво на општествена одговорност, во знак на лична солидарност и сакајќи да дадат свој придонес во
надминување на состојбата, се изјаснија дека самите ќе го донираат износот на нивните плати над 14.500,оо денари, за април и мај 2020 година.
Тргнувајќи од потребите на здравствениот систем и сознанието дека сега е време за општествена солидарност во земјата, бидејќи не постои поважен интерес од справување со епидемијата со COVID-19, со цел да се придонесе во подобрување на состојбата на здравството, Партијата на пензионери апелира и ги повикува сите свои членови, кои се во финансиска положба, секој според своите можности и личен став да донира средства во Фондот за справување со корона кризата.